Австрискиот канцелар Себастијан Курц ноќта кон вторниот изјави дека престолнината Виена била цел на „гнасен“ терористички напад и додаде дека војската излегла на улиците и ја штити престолнината, за да и помогне на полицијата да се фокусира на антитерористичката операција
„Во моментов во нашата Република минуваме низ тешки часови. Им се заблагодараувам на силите на безбедност кои ги ризикуваат своите животи. Полицијата решително ќе дејствува против извршителите на гнасниот напад“, рече Курц.
Засега министерството за внатрешни работи потврдува за „најмалку две жртви“, кои се убиени во симутланите напади во понеделникот вечерта почнувајќи од 20 часот, од кои едниот е напаѓач.
Телевизискиот канал OE24 повикувајќи се на полициски извори извести претходно за наводно вкупно седум жртви во нападите и најмалку 15 повредени. Портпаролот на Виенскиот здравствен сојуз, Кристоф Миерау, за агенцијата APA потврдил дека има 15 потвредени лица, од кои седум тешко. Меѓутоа, додал дека се стравува оти може да има уште жртви.
Австирските власти воопшто не ги коментираа овие информации, и засега ја објавија бројката од најмалку две жрттви. Исто така, нема потврди или деманти и за извештаите на телевизијата ОЕ24 дека напаѓачите замале заложници во јапонскиот ресторан „Akakiko“, како и на весникот Kurier, според кој напаѓачите земале заложници во хотелот „Hiltoн“ во центарот на Виена.
Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави за телевизијата ORF дека станувало збор за повеќе напаѓачи кои отвориле оган на шест локации во близина на централната виенска синагога.
Полицијата го блокираше подрачјето, го испразни центарот на Виена, воведе безбедносен периметар и трага по повеќе напаѓачи кои се во бегство. Еден од нив е убиен во престрелка со полицијата, а другата жртва е цивил, Во пресметката тешко е ранет и полицаец.
Австриските медиуми објавија снимки од неколку безбедносни камери кои покажуваат еден или повеќе напаѓачи во бели комбинезони вооружени со автоматско оружје, а полцијата снимките да не се споделуваат преку социјалните мрежи.
Во моментот на нападот, кој започнал неколку часа пред најавеното „затворање“ поради ширењето на епидемијата на коронавирусот, во синагогата немало никого, изјавил претседателот на виенската еврејска општина Оскар Дојч.
Нападите во меѓувреме најстрого ги осудија Германија, Франција и Европската унија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го нарече кукавички. „Ние сме со Австрија“, порача.
„Ние Французите го спподелуваме шокот и тагата на австрискиот народ, чиешто срце Виена е нападнато вечерва. По Франција и напшите пријатели се нападнати. Ова е наша Европа. Нема да отстапиме пред теророт, нашите непријатели мора да знаат со кого имаат работа“, порача францускиот претседател Емануел Макрон.