Во австриската Влада нема заразени со коронавирус, бидејќи канцеларот Себастијан Курц и членовите на неговиот кабинет имаат негативни тестови за присуство на заразата, јави Тасс, повикувајќи се на соопштение на владината прес служба.
Кај еден од најблиските соработници на австрискиот канцелар вчера беше дијагностициран Ковид-19. Сите членови на австриската Влада веднаш ги минаа потребните тестови.
Курц, според негово признание, се чувствува добро и нема никакви симптоми, а со заразениот соработник бил во контакт минатата недела. Канцеларот има намера да продолжи да работи од својата канцеларија, но ќе избегне лични средби.
Во септември, бројот на заразени со коронавирус во Австрија повторно почна да се зголемува, а повеќето од заразените се регистрирани во Виена.
Австрија како мерка воведе задолжително носење заштитна маска во продавниците, јавните институции и јавниот превоз.