Курц не отфрла повторна коалиција со крајната десница

Челникот на австриските конзервативци од Австриската народна партија (OeVP), Себастијан Курц, не го отфрла повторното коалицирање со крајната десница Слободарска партија (FPÖе), доколку повторно стане канцелар, но во вторникот истакна дека нема повторно да дозволи оваа партија да го контролира министерството за внатрешни работи.

Себастијан Курц ја подготвува кампањата за предвремените парламентарни избори на 29-ти септември, откако во мај неговата влада се повлече поради конструираната афера која ја потресе во која осомничен беше вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе од FPÖе.

„Не отфрлам ниедна варијанта на коалициајта со која и да е партија“, рече Курц во вторникот вечерта за јавната телевизија ÖRF.

Поранешниот канцелар, кој убедливо води во анкетите, истакна дека министерството за внатрешни работи веќе нема да може да им припадне на FPÖе, и додаде дека планира дека тоа треба да биде под контрола на неговата партија.

Најавата на Курц би можело да го отежне новата коалиција на овие партии, бнидејќи FPÖе се гордееше со тоа што го комнтролира министерството задолжено за безбедносните прашањата и миграциите.