Курц попопуларен во Германија од Меркел

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ужива одлична репутација во Германија, покажала анкетата спроведена од германската агенција Инса.

Според анкетата, објавена од германскиот весник “Фокус”, фиктивната изборна листа на Курц би добила повеќе гласови отколку коалицијата ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел.

Листата која би била предводена од Курц би добила 5,5 отсто повеќе гласови од ЦДУ / ЦСУ.

Според истражувањето на Инса, Меркел би добиела 32,5 отсто од гласовите, додека фиктивната листа „Курц” 38 отсто.

Курц, доколку настапува на изборите во Германија, би ги добил гласовите од сите партии – 80 отсто гласачите на десничарската АФД, секој трет гласач на ФДП, три од 10 гласачи на ЦДУ/ЦСУ, па дури и 13 отсто од гласачите во Зелените.