Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц денеска во Тирана изрази очекување дека откако Австрија ќе ги затвори своите граници за бегалците, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, исто така ќе ги запрат мигрантите.
По средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати, истакна дека е теоретски можно да се пренасочи бегалската рута, пренесува Танјуг.
Бушати истакна дека кога македонско-грчката граница ќе биде затворена, соседните држави ќе станат центар на бегалската криза.
– Ние ги следиме сите можни рути кои би можеле да ги користт бегалците, нагласи тој.
Бушати истакна дека во моментов Албанија не помислува на затворање на границите.
Курц утре доаѓа во посетана Македонија, како дел од својата балканска турнеја.