Курц против примањето уште Авганистанци во Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц не сака неговата земја веќе да им дава заштита на бегалците од Авганистан и покрај тоа што власта во оваа земја ја презедоа талибаните, пренесува во неделата германската новинска агенција DPA.

Во време на миграциската криза 2015/2016 година, Австрија прифати 90.000 баратели на азил, што е повеќе од 1 отсто од нејзинта популација. Курц својата кариера ја градеше на тврдиот став кон имиграцијата, освојувајќи ги изборите во 2017 година.

Додека Европската унија се премислува во врска со тоа што да се прави со Авганистанците кои работеле за нејзините мисии во изминатите 20 години, конзервативниот канцелар на Австрија вели дека нивното доаѓање во земјата не е опција.

„Јасно се противам на тоа доброволно да прифатиме уште луѓе, и тоа нема да се случи додека јас сум канцелар“, вели Курц во интервјуто за теелвизискиот канал Puls24.

Во Австрија има повеќе од 40.000 авганистански бегалци, најмногу во Европа по Германија која прими 148.000, според податоците на УНХЦР за 2020 година. Австрија има 9 пати помалку жители од Германија, неутрална земја е и не е членка на НАТО, а во Авганистан испрати мал број војници.

Во време на миграциската криза 2015/2016 година, Австрија прифати 90.000 баратели на азил, што е повеќе од 1 отсто од нејзинта популација. Курц својата кариера ја градеше на тврдиот став кон имиграцијата, освојувајќи ги изборите во 2017 година.

 

„Не сум за тоа дека треба да примиме уште луѓе во Австрија, туку токму спротивното“, вели Курц во интервју за телевизискиот канал Puls24, што ќе се емитува подоцна во неделата.

Со веќе примени повеќе од 40.000 Авганистанци, Австрија е дом на втората по големина авганистанска заедница во ЕУ во однос на сопственото население.

 

Исто така, се осврна и на „особено тешката интеграција“ на оваа популациска група.

„Прифаќањето луѓе кои не можат да се интегрираат е огромен проблем за нас како земја“, рече Курц.

Австрискиот канцелар вели дека не може да се негира дека талибаните се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, па затоа се заложи меѓународната заедница да стори се за да ја подобри ситуацијата во оваа земја зафатена со сериозна криза, додава DPA.

Но, и Австрија мора да признае дека многу работи се во туѓи раце. „Не е сѐ во наша моќ“, каќа Курц.

Курц го повтори предлогот, луѓето од Авганистан да добијат помош во соседните земји. Тој посебно ги издвои Туркменистан и Узбекистан, а ЕУ треба да ги поддржи земјите од регионот во овој поглед.