
Европската унија мора да започне со запирање на илегалните имигранти на своите граници наместо да им дозволува доаѓање на посакуваните дестинации, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, тврдејќи дека тој пристап е похуман отколку сегашната ситуација.
„Ќе сториме сѐ за нашето претседавање со Европската унија во втората половина од 2018 година резултира со подобра соработка во рамките на Унијата со цел да се заштитат нашите надворешни граници“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во разговорот за германската новинска агенција DPA.
Курц смета дека „луѓето кои ќе тргнат на нелегалните патувања кон Европа би требало да се запрат, за нив да се води грижа и потоа да се вратат назад, наместо да се пропуштаат“.
Австрискиот канцелар и натаму смета дека на Европа модел треба да ѝ бидат австралиските островски центри за прифаќање на имигрантите, иако Австралија делумно мораше да се откаже од ова решение поради прашањата на човековите и правата на бегалците.
„Она што често не се споменува е дека луѓето повеќе не пристигнуваат во Австралија илегално, токму поради таквата политика. И што е поважно, нема повеќе потопувања на отвореното море кон Австралија“, вели 31-годишниот канцелар и лидер на Народната партија, од десниот центар на политичкиот спектар.
„Моделот кој последните години го применува Европа не е толку хуман како што се претставува… Тоа е сѐ само не хуман модел. Помагајќи има на новодојдените откако ќе стасаат на брегот е модел кој на некои луѓе им помага да ја олеснат својата совест“, смета Курц.
Според него, во стварноста таквата политика доведе до давање на илјадници луѓе во водите на Средоземното Море, а најверојатно од жед низ пустините починале уште толку.
Иако ЕУ не може едноставно да го прекопира австралискиот модел на центри за прифаќање на ненаселени острови, Курц смета дека ЕУ би требало такви центри да воспостави поблиску до земјите на потеклото на имигрантите, или во други безбедни зони во кои би биле вратени од европските граници.
Австрискиот канцелар не вели колку би биле потребно дополнителни да се ангажираат граничари или бродови во Медитеранот за да се спречи влегувањето на имигрантите, но тврди дека ЕУ би требало да издвои пари и луѓе за тоа.
„Австрија е подготвена на многу голем придонес“, порачува Курц. Смета дека е потребно итно да се донесе политичка одлука на ниво на Европската унија за мандатот на граничните службеници.