Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија Себастиjан Курц денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што е најавено, за време на посетата министерот Курц ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Како што соопшти МНР, разговорите меѓу македонскиот и австрискиот шеф на дипломатијата, се очекува да бидат фокусирани на мигрантско-бегалската криза, македонско-австриските односи и регионалната соработка.
Инаку, шефот на австриската дипломатија деновиве престојува на балканска турнеја. Тој досега ги посети Србија, Црна Гора и Албанија.