Курц: За Србија да влезе во ЕУ мора да го заврши дијалогот со Приштина

Австрискиот премиер Себастијан Курц денеска изјави дека е од суштинско значење дијалогот меѓу Белград и Приштина не само да продолжи, туку и да биде завршен, бидејќи тоа е единствениот начин за влез на Србија во ЕУ.

Се јавува уникатна можност историјата да остане историја и да тргнеме заедно кон иднината“, изјави Курц во Белград, на конференција за новинарите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Курц рече дека влезот на Србија во ЕУ е можен само ако има решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, поради што тој дијалог треба да биде успешно завршен.

Многу се надевам дека таквиот успех ќе биде можен, бидејќи сум убеден дека овој регион заслужува да биде дел од ЕУ“, рече Курц и додаде дека ЕУ ќе биде комплетирана кога Западен Балкан и Србија ќе станат дел од неа.