Курдски бунтовници нападнале турски воен хеликоптер

Курдски бунтовници денеска отвориле оган врз турски воен хеликоптер во округот Дијарбекир..

И покрај тоа што бил погоден од бунтовниците хеликоптерот успеал да се приземји. Во инцидентот нема повредени војници.

Турските безбедносни сили започнале операција за пронаоѓање на терористите.

Во последно време членовите на ПКК ги обновија терористичките напади и покрај актуелниот мировен процес за решавање на курдскиот конфликт.