„Курир“: 20-те мерки на ВМРО-ДПМНЕ за младите, одговор на нивните барања и потреби

По цели пет децении конечно граѓаните во Скопје ќе дбијат нова свечена сала каде ќе се склучуваат брачните договори. Ова е значаен чин за младите кој претставува одбележување на една нова етапа во животот на човекот и ќе се одвива во високо репрезентативни просторни услови, во сала во која ќе биде чест, среќа и радост да се влезе и да се памети. Во последните десетина година над 65.000 лица на територијата на Скопје стапиле во брак. Дополнително со пуштање во употреба на ново матично во Скопје, брачните парови е ги намалуваат своите трошоци за свадбената прослава, бидејќи голем број на двојките толку поради руинираните услови на матичната служба кои сега ги имаат го повикуваат матичарот на друга локација за што плаќаа соодветен надомест за таа услуга, истакна Груевски.

Изградба на нови спортски игралишта

Се превземаат првичните активности на планирање и кординација за реализација на проектот за изградба на 150 мултифункционални баскет игралишта, нов мега проект со кој младите ќе добијат нов простор и можност за спротување, како и изградба на  фитнес зони во 18 општини во државата кои ќе започнат да се градат оваа есен.

Јас сум уверен дека токму помеѓу тие млади деца, се наоѓаат новите спортски херои на Македонија. Овие игралишта ќе бидат со тврда акрилна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе бидат соодветно осветлени со сите потребни и попратни реквизити потребни за ваков вид на спортување, појасни Груевски.

Надлежна за овој проект ќе биде Агенцијата за млади и спорт која во соработка со единците за локална самоуправа оваа година уште веднаш ќе започне со подготвителни активности во правење на типизирани проекти, а на терен ќе се отпочне со работа на почетокот на 2017 година. Се очекува овој проект комплетно да биде завршен до 2020 година.

Овој проект за изградба на 150 игралишта за баскет ќе биде надградување на проектите од областа на спортот како што е изградбата на 120 тениски игралишта, изградбата и реализацијата на 100 повеќенаменски спортски игралишта и изградбата на вкупно планираните 180 спортски и училишни спортски сали, заклучи Груевски.

Министерството за култура веќе започна и со планирање на комплексниот процес за комплетно реновирање на Универзитетската Библиотека во Скопје, а министерството за образование и наука почна со подготвителни активности за отворање и опремување на нови читални во Струмица, Аеродром и Велес.

Вработување на најдобрите 100 студенти

Ќе се обезбеди сигурно вработување на најдобрите студенти на додипломски студии.. Ова е најсилен потик за оние кои се трудат и инвестираат во своето образование. За таа цел веќе се работат  измените и дополнувања на Законот за административните службеници како и други посебни закони, и донесување на подзаконскии акти во кој ќе се предвидат критериумите за определување на најдобри студенти.

Вработување на 100 најдобри студенти на додипломски студии, автоматско, законско, директно вработување. Најдобрите 100 веднаш по комплетирање на образованието ќе добијат работа и сигурна егзистенција, најсилен поттик на оние кои инвестирале во своето образование. Од секоја учебна година стоте најдобри кои дипломирале на државни универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрација, акционерски друштва. Ќе се подготви методологија за рангирање согласно просечната оценка во текот на студирањето и ќе има околу 70% удел во конечно рангирање. Поседување на меѓународен сертификат за трите најчесто користени јазици на ЕУ издаден од официјален европски тестатор ќе има удел од 20% во рангирање. Трет критериум ќе биде брзината на завршување на додипломските студии. Во предвид ќе бидат земени најдобрите од петте најдобро рангирани универзитети во Македонија. Секоја година од прво рангираниот 30 најдобри, второ рангираниот 25, трето рангираниот 20, четврто рангираниот 15 и петто рангираниот 10 студенти. Во критериумите ќе биде и елементот на тоа колку испити има положено студентот кај професор што има повеќе од 2 објавени труда во меѓународни списанија со импакт фактор, истакна Груевски.

Проект „Млади амбасадори“ за средношколците

Средношколците го добија и проектот “Млади амбасадори” со кој сите оние кои доколку освојат награда на една од 12-те интернационални научни олимпијади ќе им се додели стипендија во текот на 12 месеци по освојувањето на наградата.

–        За освоен златен медал, по 12.000 денари месечно;

–        За сребрен медал, 10.000 денари месечно;

–        За бронзен медал, 8.000 денари месечно;

Изградба на скејтпаркови во неколку градови

Младите од Кавадарци, Тетово, Куманово, Охрид и Штип ќе добијат на нови скејт паркови. А скопјани и цела Македонија ќе добие и уникатен отворен амфитеатар со 9000 седишта на локалитетот Скупи.

Во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово ќе се градат современи и модерни скејт паркови за младите лица. Ќе има повеќе рампи и скокалници, а паркот ќе биде изработен од специјална подлога поради поголема безбедност и дрвена конструкција, изјави Груевски.

Амфитеатарот е еден од најзначајните објекти од римскиот период во Македонија и еден од најголемите на Балканот и пошироко. Во рамките на Скупи, прогласен за споменик на културата од прва категорија, вршени се археолошки истражувања, а минативе 2 години првите систематски археолошки испитувања. Според некои проценки на научните работници се смета дека амфитеатарот може да прими 8000 до 10000 гледачи, истакна Груевски.

Градот Скопје работи на подготвителните активности за комплетно реновирање на градската библиотека Браќа Миладиновци, а откако Груевски најави, веќе градоначалникот на Битола започна со плановите за целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерски дом- Битола.

Ја прифаќам одлуката и се заблагодарувам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше волја сите нас да не контактира и да најдеме заедничко решение, подобро од претходното. Оваа одлука е на задоволство на сите битолчани и убеден сум дека во 2016 година ќе заврши постапката. Имаме и проекти за да гордоста на Битола, Офицерскиот дом биде во функција, односно Куќа на културата во која ќе има концерти, театарски претстави, промоции, изложби, но и венчална сала за што се планирани околу 2 милиони евра, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.