Во целиот хаос на нејасни мерки и рестрикции, додека граѓаните секој ден живеат во страв и неизвесност, кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче, одлучи да се прави “наудрен“.
Неколку дена до редакцијата на КУРИР пристигнуваа поплаки од граѓани, а за да ги решиме нејаснотиите побаравле став од ПР секторот на Министерството за здравство.
Од таму, очигледно, немале одговор на прашањата на порталот, па обидувајќи се да го сокријат фактот дека Филипче е фатен во уште една лага, покажале дрскост и некоректност во комуникацијата со медиумот.
Имено, низа граѓани кои неодамна прележале коронавирус нè информираа дека откриле манипулација.
Првично, министерот Филипче изјави дека лицата кои прележале коронавирус можат да влезат во угостителски објекти и други локации опфатени со мерките првите 45 дена од денот кога ОЗДРАВЕЛЕ.
Но, нашите читатели кои сакале да извадат ваква потврда, забележаа дека во неа е напишан датумот на ТЕСТИРАЊЕ, а не на ОЗДРАВУВАЊЕ, што го скратува периодот за цели 20 дена, колку што заразен со симптоми мора да седи во изолација.
Затоа до ПР секторот на Филипче испративме многу едноставни и јасни прашања. Но, од таму очигледно мислеа дека КУРИР ќе “прогледа низ прсти“ со нивниот одговор кој нема никаква врска со прашањето.
Почитувани читатели, за да бидете сведоци на односот на вработените во кабинетот на Филипче, не само со нас како новинари, туку и со вас како граѓани, КУРИР ви ја пренесува целата комуникација остварена во текот на вчерашниот ден.
Наместо да дадат конкретен одговор дали потврдата важи “45 дена по позитивен тест“ или “45 дена по прележување на коронавирус“, вработените во кабинетот на Филипче ни објаснија како се прележува корона.
КУРИР се обиде уште еднаш, во случај навистина да не разбрале што ги прашуваме, да им го објасни проблемот на граѓаните.
Истовремено, бевме должни да реагираме бидејќи ваквиот некоректен однос на Министерството за здравство станува честа појава. Не е прв пат избегнувајќи одговор, да испраќаат информација која не им ја бараме, премолчувајќи го одговорот на нашите прашања.
Одговорот кој следеше, исто така некоректен и непрецизен, погледнете го во продолжение.
Видовте ли некаде да прашаме кога пациент се прогласува за оздравен? Каде е одговорот за тоа зошто Филипче рече “45 дена по оздравување“, а граѓаните можат да влезат во објект за кој има владини мерки, 45 дена по прележан тест?
Граѓаните кои ја контактираа редакцијата на КУРИР во ниту еден момент не кажаа дека им е важно да влезат во кафеана да јадат и да пијат, туку дека имаат потреба да знаат кога нивното движење е ограничено бидејќи тие имаат секојдневни обврски, на официјални настани службено или во трговските центри приватно. Затоа овие наши прашања беа логични, а одговорот ваков каков што ви го пренесуваме.
Не сакавме да веруваме дека најблиските соработници за односи со јавност на Филипче се прават “наудрени“ или свесно манипулираат, па уште еднаш, поедноставено, ги прашавме тоа што ги интересира граѓаните! Замоливме на конкретен одговор.
Изгледа ги фати веќе крај на работното време, па не можеа да одговорат ниту една реченица. Буквално можеа да направат „copy-paste“ на делот од нашата реченица кој е точен, но тие одлучија да ни пратат линк.
Верувале или не – наместо одговор “45 дена по ТЕСТИРАЊЕ или по ОЗДРАВУВАЊЕ“, тие ни пратија линк од сајтот на Владата, па таму, меѓу уредбите, упатија да бараме одговорот на нашето прашање.
Уредбите кои се стапени на сила, ние добро ги знаеме. На овој линк никаде не најдовме да пишува зошто граѓаните се изманипулирани! Тие одговори ги должи кабинетот на министерот за здравство и Филипче лично.
Кога едно лице ќе добие решение за изолација, по добиен позитивен тест на коронавирус во него се наведува дека лице кое има симптоми треба да остане изолирано, дома, 20 дена.
На потврдите стои датумот на тест, па ако од него сметаме 45 дена, тоа значи дека лицата само 25 дена по оздравување можат да ги посетуваат објектите и локациите опфатени со мерките. Математика која се учи во некое од почетните одделенија во основни училиште, никаква филозофија тешка за сфаќање во кабинетот на Филипче.