Во сите градови каде што вчера Граѓанскотo движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) организираше протести имаше два или три пати повеќе граѓани од протестите организирани од СДСМ и СОРОС. Македонците кои го поддржаа ГДОМ се залагаат за одбрана на земјата од црните сценарија и бараат избори, пишува „Курир“.
Граѓаните на Македонија масовно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија. Во три града кои како „фронт“ сакаше да ги отвори СДСМ со своите соросови платеници, одговорот на граѓаните кои се за избори и крај на кризата беше жесток. Во Велес 3:1, во Битола 4:1, а во Штип дури 10:1 е соодносот на граѓаните во корист на оние на кои им е доста од обидите за дестабилизацијата на Македонија спроведена преку СДСМ и Сорос со помош на насилниците. Во Скопје СДСМ правеше протест на кој можеа да се забележат поголем број на Албанци, тие беа дел од партијата БЕСА која е партнер на СДСМ и која отворено побара редефинирање на државата, пишува порталот.
Граѓаните кои дадоа масовната поддршка за избори на 5-ти јуни како единствен пат за решавање на политичката криза, и истовремено упатија порака и до СДСМ и до нивните соросови платеници дека арената за решавање на кризата е на изборите, а не држењето на народот и земјата во заложништво затоа што СДСМ се плаши од избори.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, денеска порача “нема да Ви дозволиме во оваа земја насилно да преземете ништо, ниту државата, а уште помалку нашите домови“.
За СДСМ не постои ништо свето ниту пак вашата партија има почит кон некоја вредност. Тоа го докажавте повеќепати со вашиот однос кон сопствената земја, а го покажавте и вчера со напад на нешто што треба да е света институција за секој совесен човек – ДОМОТ. Не само што не ги почитувате институциите на сопствената држава туку отидовте чекор потаму, без грам совест и воспитување па дивеевте пред домот на Градоначалникот на Битола, колективна станбена зграда, исто така дом на многу наши сограѓани. Нема да Ви дозволиме вашето безумие и гола желба за власт да ни го нарушат секојдневниот живот, животот со најблиските во нашите домови, куќи, рече Борче Димитровски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.
Тој им порача нивните неартикулирани викотници и насилно однесување да ги сочуваат за внатре во нивните простории, во нивната партија.
А пред народот на Македонија, ве замолувам, да го покажете вашето цивилизирано лице, доколку сеуште имате такво, за колку толку да Ве доживеат како граѓани на оваа земја. И на крај, многу прецизно, Ви порачуваме: Не се плашиме од насилство и насилници, но истовремено на насилството нема да вратиме со насилство, не заради вас туку заради граѓаните на Битола, заради граѓаните на Македонија, рече Димитровски.