Актуелната криза, со која Македонија се соочува веќе подолг период, не е природна и граѓанска. Зад неа стои страв, фрустрација, евтин обид за поткопување на идентитет и обид за насилна промена на власта. Зад кризата стои опозицијата која ја предизвика, а по потреба ја потпалува и продлабочува, коментираат експертите.
Во моментов состојбата во земјата е многу критична, смета професорот Оливер Андонов и додава дека изборите не смеат да се одложат ни ден повеќе. Секое пролонгирање ќе значи континуиран хаос и загрозување на сите аспекти на живеење.
-Заев може да ја смени својата одлука односно својот т.н. тврд став, кој само неколку минути подоцна како што можевме да видиме малку го омекна, односно дека ќе разговара со странскиот фактор и првата и основна грешка која ја прави тоа е секогаш повикувајќи се на странскиот фактор. Прашањето е дали на СДСМ му се потребни патерици за опстанување? На Македонија не и требаат патерици, очигледно после 25 години самостојност државата доволно виде и доволно се изгради. Доволно како граѓани ние станавме свесни, вели Андонов, пренесува Курир.
После фијаското на деценијата што Заев и неговите го доживеаја со наводните фантомски гласачи во Избирачкиот список, после јавното обзнанување на „чадорот“ што овој партиски клан го штити во намерата за спроведување државен удар во земјата, после сите отворени обиди за сардисување на државата во должина и во ширина, после хистеричното инсистирање да се внесат цензорски решенија во медиумите со цел замолчување на неподобните новинари кои токму Заев ги прогласи за најголеми политички непријатели на СДСМ, ново-стариот шнит од нога е бојкот на изборите и пролонгирање на кризата, пишува професорката Тања Каракамишева во својата колумна.
-Кога креираш и злоупотребуваш криза во државата, само поради остварување на свои лични цели а на штета на цела држава и на сите граѓани, таа штета ти се удира по глава. Многу е веројатно во наредните денови да видиме и внатре партиска експлозија во СДСМ поттикната од незадоволни членови во паријата и од дволичната политика на Заев, вели Каракамишева.
Решението за излез од кризата се изборите, чиј резултат ќе биде одговор на долгата вештачки креирана криза. Граѓаните ќе го дадат одговорот, за тоа дали се за партија која нуди програма, или партија која нуди деструкција и поткопување на идентитетот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор подвлече дека имаат храбра визија, визија на нови работни места и на подобар живот.
-Сега, денес, кога вниманието на цела нација се дефокусира од кризата кон она што релано им треба на граѓаните, на нашата држава и е потребен план и визија за да не соедини и да не постави заеднички зад взаемните цели.ВМРО-ДПМНЕ има таква визија. Во периодот додека сме на власт преку 150 илјади нови работни места се отворени. Ние имаме план како таа бројка значително да се зголеми. Ќе продолжиме со проекти за подобар стандард на граѓаните, со поттикнување на бизниси за мали и средни претпријатија, но и за големите компании. Ќе градиме патишта, автопати, мостови и железничка инфраструктура, енергетски проекти. Работевме многу на изградба на нови училишта, градинки, спортски центри и сали, универзитети, студентски домови и други вакви проекти. Ќе продолжиме уште посилно со конкретни чекори.Младите луѓе ќе бидат на првата линија на нашиот план за развој и раст. Тие се нашата иднина.За пензионерите, докторите, земјоделците имаме серија од сериозни проекти и мерки, кои ќе им помогнат значително, рече Груевски.
Избори за излез од кризата ќе има, граѓаните ќе можат да одлучуваат за програмата на ВМРО-ДПМНЕ од едната или пак за деструкцијата на СДСМ од другата страна. Граѓаните на 5 јуни ќе дадат одговор на ефтините политички трикови.