Вчеравечер службеното возило Ц3 со регистарски број SK 2275 AL е забележено во неготинското село Криволак и во градот, а било управувано од Наташа Методијева и Александар Вуиќ од кабинетот на техничката министерка, пишува Курир.
Двајцата кабинетски службеници вршеле агитација од врата на врата во селото и се вршеле проверки на граѓани и корисници на права од социјална заштита.
„Курир“ објави фотографии од кои јасно се гледа дека и техничката министерка користи службено возило за присуство на партиски митинзи на СДСМ, во овој случај на митингот во Куманово. Со тоа јасно се докажува злоупотребата на државни ресурси во партиски цели.
На 20 ноември минатиот месец беше објавено фото и видео материјали како Методијева користи службено возило на министерството во приватни и партиски цели, а со кое е задолжена со решение уште на почетокот на октомври. Злоупотребите во ова министерство не престануваат иако јавноста очекува одговори и бара одговорност.