„Курир“: Kонструкција, деструкција и манипулација се трите столба на дејствување на СДСМ- Јанева ја одработува валканата кампања на Заев

Вториот сегмент на кој СДСМ обрнуваа внимание се конструкциите. Па така, тие по секоја цена се обидуваат да го девалвираат процесот на избори и избирачкиот список. Последен пример беше пратеничката Даниела Рангелова која ја посочија дека на нејзината домашна адреса води 120 гласачи кои се регистрирани.

Сепак, ваквата аматерска и провидна манипулација на „Фокус“ беше веднаш разобличена и веднаш се разоткри нивната лага за фиктивни гласачи. Даниела Рангелова од Центар вчера се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.

rangelova-1

Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.

Веднаш стана евидентно дека не само што не се работи за истата Рангелова, туку и тие не ја познаваат државата па не знаат дека во руралните места на тој начин се обележуваат улиците каде има повеќе семејства.

Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има над 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеаат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.

Третиот сегмент кој е столб на однесување на СДСМ се подметнувањата околу Уставниот суд. Тука е совршено јасно дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот како што беше и во 2009-та година, но она што не е исто е ставот на СДСМ кој се менува во зависност на дневните потреби, па целата ергела на соросоидни поддржувачи, истите тие кои се појавуваат на сите протести, сега демонстират пред Уставниот суд.

Кадрите на СДСМ ги кочат проектите и ја спроведуваат стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер

Од друга страна, кадрите на СДСМ кои управуваат со институциите до сега не понудија ниту еден проект. Нивно дело се бркање на 40 луѓе од работа од страна на техничката министерка Фросина Ременски која на дело ја спроведува стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер.

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е до гуша заглавен со сомнителни криминални случаи како што е поврзаноста со Захир Бекири- Чауш и „Фабриката за афери“ на СДСМ.

Заменик министерот во МИОА Александар Кирацовски, замeникот министер за финансии Кире Наумов и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски не продолжија ниту еден конкретен проект и се занимаваат со кочење на веќе постојните.

Дополнително, Спасовски својата неспособност ја покажа и за време на протестите поврзани со изградбата на крстот во Бутек, каде демонстрантите Албанци ги пушти да ги уништуваат темелите на крстот, а на Македонците им пушти полиција.

Го слушаме и не можеме да поверуваме. Со огромна доза на страв, неуверливо, преплашено, ни вика немало нарушување на јавниот ред и мир.  А кога Македонците, жителите на Бутел  побараа да дејствува според закон тој им ја прати полицијата, а  протестанти Албанци ги пушти да ги рушат темелите на крстот, слободно и непречено, реагираа вчера од Здружението на бранители БЕДЕМ.

Како бранители, додаваат тие, најодговорно тврдат дека како министер за внатрешни работи после Љубомир Фрчковски , Оливер Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата и за државата.

Vmro-Miting-Zaedno-sme-posilni-18-05-15-1-Custom

ВМРО-ДПМНЕ насочена кон проектите- пародијата на СЈО никој не ја смета за закана

Целото време СДСМ го троши на деструкција, а веќе е познато дека главниот адут на СДСМ е Катица Јанева. На Јанева од ВМРО-ДПМНЕ гледаат релаксирано и е предмет на шеги и штосови. Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата специјално обвинителство.

Освен добрите штосови и шегите по социјаните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. Целта на СДСМ им е да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи, пратеници и членови на раководството на партијата.

Медиумите веќе објавија дека меѓу правниците нашироко се кажуваат вицови за однесувањето и некомпетентноста на СЈО, како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на правен подобро би се снашол.

Исто така медиумите објавија и дека Притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротивставел една група најлојални заевисти таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена.

Народот го има ова прочитано, односно му е сосема јасно дека на овие избори ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга.

Во ВМРО-ДПМНЕ ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во 5-та брзина, пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.