Специјалната јавна обвинителка сега повторно бара причина за одлагање на „Пуч“. Иако Судот и овозможи увид во документите, сега Јанева упорно ги бара сите иако се класифицирани.
Во однос на барањето на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за доставување на докази и копии кои се дел од предметот со КОК. Бр. 77/15 во јавноста познат како „Пуч“, информираме дека судијата, надлежен за конкретниот предмет донел решение со кое се одбива барањето на обвинителството за доставување на копии од списи и електронски докази, бидејќи со тоа судот би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации со оглед на фактот дека од надлежниот орган не е укината таквата обврска, а барњето на Обвинителството и решението на судијата се зановаат на член 81 од ЗКП, соопштија вчера од ОСС 1.
Во соопштението се вели дека Судот исто така имал и предвид дека Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите како во претходниот перид кога во повеќе наврати им беше удоволено на сите нивни барања за вршење увид во сите докази од конкретниот предмет, Кривичниот суд и понатаму во било кој период од работното време на судот им става на располагање простории и технички можности на обвинителите од ова обвинителство да вршат увид во предметот.
Дополнително, со оглед на тоа дека овие докази веќе се составен дел на списите на предметот КОК Бр. 77/15, судот веќе му укажа на Обвинителството дека доколку смета, нема пречка во секое време да ги повлекува и да рапсолага со доказите на со закон утврден начин во рамките на нивните законски овластувања да предлага и повлекува докази, стои во соопштението.