Лицемерната политика која веќе стана одлика на најголемата опозициска партија СДСМ се потврдува и со последните нивни постапки. Имено, додека наутро се поклонуваат на гробот на Гоце Делчев, попладне опозициските вандали ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите, пишува „Курир“.
По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ денеска оддаде признание на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност. Ваквиот чекор секако е за поздравување, но не може а да не се забележи лицемерието на СДСМ, партијата која стои зад сквернавењето, фарбањето и уништувањето на спомениците на револуционерите изминатиов период.
Додека наутро наводно оддаваат почит и признание, нивните вандали попладне во сите сили атакуваат врз обезличување на овие спомен-обележја, што само уште еднаш потврдува колкав е степенот на лицемерие во редовите на опозициската партија.
Изминативе денови, беа уништени низа спомен-обележја на македонските револцуионери, меѓу кои споменикот на АСНОМ, релјефите на Порта Македонија, релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски, Григор Прличев и низа други.
Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи функционери и членови на СДСМ.