За директор на Агенција за разузнавање беа во игра три имиња на Албанци кои се наоѓаа на раководни позиции во бeзбeднocниoт систем. Стануваше збор за Ариф Асани, aктyeлен заменик директор на УБК и фаворит на ДУИ, фаворит од сенка на Оливер Спасовски беше неговиот советник Рефик Черими, а на Зекири беше актуелниот заменик директор на Агенцијата Ерол Муслиу, пишува порталот Курир.мк
И по „мачните“ преговори кој да стане директор на Агенција за разузнавање денеска се обелодени по медиумите. Пендаровски го назначи Ерол Муслиу, кој е познат како човек на премеирот Зоран Заев. Додека се бираше кој да стане директор, Муслиу беше фаворит на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој, пак, се смета за нaјзаслужен во СДСМ за поддршката од албанскиот електорат на овие избори, пишува натами Курур.
Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање за неговата мината позиција се зборува дека ја добил и со поддршка од други странски разузнавачки служби, но токму тоа е и причина за сомнежот во искреноста на неговото работење.
Изминатиот период имаше информација дека луѓе вработени во Агенцијата за разузнавање по препорака на Муслуиу, заедно со Мухамед Зекири од СДСМ биле на посета на гробовите на загинатите терористи од Косово во Диво Насеље, каде имаат остварено средба дури и со локалните власти. Според информациите имале и средби со безбедносните структури на Косово. Што точно се зборувало остана енигма.