„Курир“: СДСМ ја сквернави портата низ која спортистите беа дочекани како херои

Додека хулиганите и деликвентите на СДСМ секојдневно ја нагрдуваат Порта Македонија, јавноста ја памети како симбол на успехот на нашите спортски репрезентации, пишува „Курир“.

Најголемата опозициска партија и нејзините поддржувачи и соросови платеници ја сквернават портата низ која спортистите беа дочекани како херои. Во 2011-та година, кога Порта Македонија беше во завршна фаза на изградба, Македонија ги дочека хероите од Литванија кои остварија историски успех и го освоија 4-тото место на Евробаскетот. Македонската нација тогаш сплотена како едно ги дочека македонските кошаркари, кои со двокатен автобус минаа низ триумфалната капија, која стана симбол на успехот на нашите спортски репрезентации, пишува порталот.


Една година подоцна, во 2012 година, Македонија го славеше и големиот успех на нашите ракометари кои го освоија високото петто место на ЕП во Србија.

Репрезентативците, меѓу кои и Кире Лазаров, Борко Ристовски беа пречекани како херои на скопскиот плоштад, и исто како и кошаркарите успехот беше одбележан со победнички марш низ триумфалната капија.

porta-mak-1

Токму „Порта Македонија“ деновиве стана главна мета на сквернавење при протестите на опозицијата која не покажува обзир кон ништо во дивеењето на скопските улица, притоа нагрдувајќи ги спомен обележјата од македонската историја кои се наоѓаат на триумфалната порта, пишува „Курир“.