Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.
Текстот каде жестоко се брани правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, е напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ. ТЕКСТОТ е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве.
Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна. Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.
Јанева нема никакви докази, СДСМ преку хајка сака да ја продолжи наводната афера за изборни нерегуларности
СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев сфатија дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и СЈО не успеаја да направат ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка.
Темата што Заев и СДСМ сакаа да ја наметнат за наводни изборни нерегуларности, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден. По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуваат и затоа анкетите за СЈО се такви.
Народот веќе прочита дека СЈО одработува политика, па затоа анкетите кои ги испитуваат јавното мислење се такви какви што се. Ова им е начин на челниците од Бихаќка сами да ја продолжат темата за изборните нерегуларности, неосновано да ја напаѓаат владејачката партија.
Сакаат да го спасат синот на Верушевски кој одговара за детска порнографија
СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.
Синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ дефокусирајќи ја јавноста за изборните насилства и лепејќи се исклучиво на таа тема, сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ со јасен став
Владата одлучи…