На партијата која со своето дрско однесување неповратно си го уништува и така минималниот рејтинг меѓу граѓаните, и’ порачуваме дека Курир не е ниту “агенција- партија“, ниту пак “политички субјект“, туку медиум чија релевантност е потврдена од читателите и релевантни институции, медиум кој се ЗАЛАГА за регулација/регистрација на сите медиуми, како и акредитација на новинарите кои заслужуваат да го носат тој епитет, велат од редакцијата на „Курир“.
Интегрален текст од соопштението на Курир:
Партијата која секојдневно продава магла за медиумска слобода, продолжува со своите дрски притисоци кон сите медиуми кои не им се потчинети и врз кои немаат контрола.
СДСМ веќе неколку дена по ред фронтално го напаѓа Курир без никаква основа, што јасно покажува за каква слобода на изразување се залага партијата која отворено се заканува врз медиуми и дискредитира новинари преку соопштенија полни со недоличен вокабулар, пропратени со низа граматички грешки, напишани од ракав, без никаква конкретна основа.
Курир е медиум, кој како и сите релевантни медиуми во светот, а релевантноста ја потврди и последната анкета на ИРИ, се ЗАЛАГА за регулација/регистрација на сите медиуми, како и акредитација на новинарите кои заслужуваат да го носат тој епитет.
Од друга страна пак, СДСМ преку своите истурени „играчи“ на слободниот интернет пазар, грлато се бореше под никаков услов порталите и останатите интернет медиуми да не подпаднат под никаква, па дури ниту минимална законска регулација.
Целта беше јасна- да им се дозволи на сите нивни, наречени интернет медиуми-портали без никакви пречки да продолжат со лаги, измами, спинови, па се до тешки навреди и закани. Од друга страна, тие исти портали, наречени медиуми и новинари, очигледно не можат да обезбедат елементарна заинтересираност кај читателската публика, што воедно и потврди последната анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (IRI) со седиште во Вашингтон.
Истите тие, кога ќе се соочат со судска расправа поради своите клевети и напади, веднаш се повикуваат на законот според кој тие не се медиуми, а новинарите не се новинари.
На партијата која со своето дрско однесување неповратно си го уништува и така минималниот рејтинг меѓу граѓаните, и’ порачуваме дека Курир не е ниту “агенција- партија“, ниту пак “политички субјект“, туку медиум чија релевантност е потврдена од читателите и релевантни институции, медиум кој се ЗАЛАГА за регулација/регистрација на сите медиуми, како и акредитација на новинарите кои заслужуваат да го носат тој епитет.
Курир ќе продолжи со своето однесување на вистински медиум и ќе продолжи да придонесува кон развојот на медиумскиот плурализам во Македонија. На крај на денот, читателите, односно народот одлучува кој е читан/гледан и кому му веруваат, нели?
Редакција на Курир