![гак](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/gak.jpg?resize=693%2C387&ssl=1)
Пред околу 10 дена, на скопската Клиника за гинекологија и акушерство на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката, објави Курир.
Од Клиниката за „Курир“, го потврдиле настанот.
„На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, велат од ГАК“.
Акушерката, според информацијата на порталот, била суспендирана. Таа била дадена на Дисциплинска комисија.
-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, изјавиле од ГАК за Курир.