
Невладините органзации кои се под капата на Соросовата фондација во земјава и директно финансирани од истата му го држат стравот на СДСМ од претстојните избори, на кои според сите релевантни анкети опозицијата ќе доживее катастрофален пораз, пишува денес порталот „Курир“.
Порталот пишува дека преку настапите на првиот човек на невладината организација „Цивил“ на Џабир Дерала, СДСМ се обидува да го прикрие стравот од соочување со граѓаните.
Партијата знае дека нејзината деструктивна политика е препознаена и прочитана од граѓаните. Наместо нагоре, нивните рејтинзи одат надолу и разликата со ВМРО-ДПМНЕ се зголемува од ден на ден. Џабир Дерала, кој се разоткрива како еден од главните соросоиди кои за интересите на СДСМ се претставува како НВО сектор денека изјави дека во Избирачкиот список имало најмалку 100.000 фантомски гласачи, пишува порталот и ја пренесува изјавата на Дерала:
За нас тоа не е изненадување. Уште во 2013 година рековме дека над 100.000 гласачи во Избирачкиот список се фантомски или се таму додадени на криминален начин, вели Дерала од „Цивил“.
Инаку, како што потстеува порталот, „Цивил“ е организација која е директно под капата на СОРОС и Милчин, односно таканаречениот институт Отворено општество, кој ги проведува нарачките на СДСМ. Во август минатата година медиумите објавија дека „Цивил“ инкасирал половина милион евра од СОРОС за само 3 години. Дерала и неговата организација од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524,569 евра. Според економските експерти, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку.
Голем дел од граѓаните никогаш не слушнале за „Цивил“ и нејзините активности, но и покрај тоа оваа организација добивала грантови од Фондацијата Сорос, од останати меѓунарони донатори но и од државата.Во 2005 кога кадар на СДСМ го водеше Советот за Радиодифузија, на Дерала и Цивил им бил одобрен проект вреден 27,000 евра за да снимаат филм. Филмот не ја видел светлината на денот, а во 2013 Советот поднесува и тужба против него.
Покрај овие ангажмани…