Покрај овие ангажмани, Дерала фигурира во невладините од македонското политичко подземје како „Ајде“ и во „Граѓаните за Македонија“. Неговата организација е една од постарите соросови организации во Македонија.
Како што расне нервозата и хистеријата во СДСМ, така расте и притисокот врз нивните невладини да оспоруваат се што е поврзано со изборите. Веројатно е прашање на време кога и Дарко Алексов од МОСТ ќе излезе со уште посериозни обвинувања.
Медиумите неодамна го поставија јавно прашањето- дали Алексов е директор на МОСТ или настапува во име на СДСМ како нов партиски портпарол. Овие прашања беа логични по настапите на овој човек каде тој презентира исти ставови како на опозицискиот лидер Зоран Заев.
Одговорот на овие прашања беше даден на почетокот од февруари кога центарот за слобода-ЦИВИЛ во големата сала на општина Охрид организираше јавен настан „Сите за слободни избори во Охрид“.
На настанот биле поканети сите советници во Советот на општина Охрид и други претставници на политичките партии, на медиумите, на локалните невладини организации, поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓани.
Меѓу другите збор зеде Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии.
Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.
Финансиските извештаи кои се објавени на сајтот на МОСТ, покажуваат дека организацијата на Дарко Алексов, од 2010 до 2014 година, инкасирала неверојатни 4 милиони евра, од тие само во во 2014-тата кога мост инкасирале фантастични 1,3 милиони евра, додека извештајот за последната година сеуште е недостапен.