Седумдесетте невладини организации кои на своите протести собираат по 30 луѓе повторно се ставија во служба на СДСМ упатувајќи закани за бојкот на изборите, идентични со ставот на Зоран Заев и неговата партија, пишува „Курир“.
Порталот пишува дека меѓу невладините кои повторно учествуваат во политичките кампањи на СДСМ, овој пат за спречување на граѓаните да го реализираат врвното демократско право на глас, се наоѓа и Профицио, невладината за која токму пред неколку дена беше објавена информацијата дека е на платниот список на Општина Центар на Андреј Жерновски, како и добро познатите Хотлај Провајдер и ЛГБТИ Центар.
Истите невладини финансирани од СДСМ и Сорос континуирано одработуваат за СДСМ, организираат протести, настани и праќаат разноразни писма до амбасадорите и европските институции во кои соопштуваат ставови идентитчни со ставовите кои доаѓаат од Бихаќка. СДСМ се криеше зад истите невладини и минатата година кога на 17-ти мај организираше протести пред Владата на Република Македонија, пишува „Курир“.
Порталот потсетува дека СДСМ ја напушти платформата Граѓаните за Македонија пред да се врати во парламентот, но сега повторно дојде време за сценирање граѓански фронт, па СДСМ и Сорос повторно ги собраа на куп нивните послушници од граѓанскиот сектор. Сценарио кое е веќе видено многу пати и во кое никој не верува.