На денот на распуштање на Собранието на Република Македонија и распишување на вонредни парламентарни избори кои треба да се одржат на 5-ти јуни, соросовите медиуми кои се директно контролирани од најголемата опзиициска партија очајно се обидуваат да создадат алиби за СДСМ да избега од избори. Со ваквите наслови, СДСМ и соросовите платеници сакаат да искреираат атмосфера која треба да им даде алиби на СДСМ да оправдаат неучество на изборите, пишува „Курир“.
Порталот пишува дека СДСМ во договор со соросовите медиуми, а потпомогнати од нивните кадри во ДИК и МВР се обидуваат да креираат атмосфера која треба да им помогне да избегаат од избори. Според „Курир“ причина за тоа се последните анкети за кои раководството на СДСМ било свесно, според кои се гледа огромна разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во прилог на владејачката апртија.
На денешната јавна седница членовите на СДСМ во ДИК излегоа со став дека задачата на ДИК се уште не е завршена. Наспротив нив Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Бедредин Ибраими од опозициската ДПА велат дека е направена историска и сеопфатна проверка која покажала дека списокот е добар и дека до вечер може ДИК да соопшти дека списокот е спремен за избори на 5-ти јуни.
Ибраими: Се потврдува избирачкиот список од 2013-тата година
Ибраими нагласи дека со сите овие активности, се потврдува избирачкиот список од 2013 година.
Избирачкиот список беше усогласен согласно одредбите од Изборниот законик, согласно одредбите каде што упорно работеше работната група формирана од ДИК, каде учествуваа претставници од органите кои се вклучени во водењето на избирачкиот список, како и претставници од четирите политички партии, со надгледување на амбасадата на САД, ЕУ и ОБСЕ, како и невладината организација МОСТ. Ние не измисливме топла вода, го применивме законот. Во избирачки список да се запишат сите полнолетни државјани во Република Македонија кои имаат живеалиште, деловна способност и поседуваат една од важечките лични документи. Тој избирачки список во меѓувреме е надграден, дополнет и ажуриран со лица кои за првпат стекнуваат право на глас, граѓани кои се починати и се бришат од избирачкиот список, како и граѓани кои ја губат деловната способност или, пак, им се враќа назад и тие се враќаат во избирачкиот список, рече Ибраими.
Бонева: ДИК е подготвена да одговори на спорните прашања
Бонева истакна дека е задоволна од проверките кои се направени на избирачкиот список, посочувајќи дека остануваат уште мал број на случаи кои треба да бидат проверени.
ДИК е подготвена да одговори за еден или два дена на сите спорни прашања кои се останати. Можеме да бидеме горди, ниту едназемја нема ваков прочистен список преку вкрстување на податоци. ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни со прочистен избирачки список, вели Бонева.
СДСМ се обидува да издејствува одложување на изборите
Како што наближува крајниот рок за распуштање на Собранието на Република Македонија, така се зголемуваат обидите на СДСМ по било која основа да издејствува одложување на изборите. Во таа насока и лидерот на партијата Зоран Заев на вчерашната средба со коалициските партнери се обидуваше да ја манипулира јавноста префрлајќи ја одговорноста на инситуциите кои се под контрола на СДСМ, пишува „Курир“.
Од извори во партијата се дознава дека Заев бил во голема паника, притиснат од роковите во пресрет на изборите и издал наредба да се направат максимални обиди да се блокираат процесите.
Експертите прашуваат како опозиционерите ќе објаснат пред членовите и граѓаните дека овие 2 години политичка криза која СДСМ ја креираше во државата со деструкција, конфликтност, сењее омраза и уцени, не даде никаков резултат туку напротив сега граѓаните свесни за целата слика и сценарио од сето ова, даваат уште поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквите наслови, СДСМ и соросовите платеници сакаат да искреираат атмосфера која треба да им даде алиби на СДСМ да оправдаат неучество на изборите, или оспорување на изборните резултати по големата победа која се очекува да ја има ВМРО-ДПМНЕ.
Во насока на деструкција на изборниот процес денеска се активирани и невладините организиации под контрола на СДСМ. Пред Собранието со десетина активисти протестираше т.н. невладина организација ЦИВИЛ која важи за силно контролирана од СДСМ, а прес конференција одржа и граѓанската асоцијалција МОСТ која исто така изнесе забелешки околу изборите. И двете организации имаат идентичен став како оној на СДСМ а различен од оној на граѓаните, дека изборите треба да се одложат.
На социјалните мрежи веќе се гледа еуфорија меѓу граѓаните за распуштање на Собранието. Огромен број граѓани поскауваат брз крај на кризата и избори на 5 јуни на кои според нивните коментари треба еднаш за секогаш да му се стави крај на деструктивното однесување на СДСМ кое ја држи Македонија во криза повеќе години.