„Курир“: Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиуми кои не се под контрола на СДСМ

Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од МВР продолжува да си води партиска агенда и на своите вработени им дава наредби да се пресметуваат со медиумите кои не се под контрола на СДСМ, пишува „Курир“.

Порталот дознава дека секојдневно Тони Димитриевски, вработен во МВР, бил во зграда 1, каде што е сместен Спасовски.

vrabotenvomvrr

Тој е еден од малкумината кои прифатиле да ги извршуваат валканите нарачки во замена за заштита од дисциплинско гонење и ветување за унапредување. Останатите професионалци во МВР со индигнација ги отфрлале партиските нарачки кои се косат со професионалниот ангажман, пишува порталот.

Понатаму, „Курир“ најавува дека за ваквиот однос на некои од вработените во МВР нивната редакција ќе ги информира меѓународните претставници.

Од таму ќе побараме реакција и соодветно да се казни овој вработен во МВР, поради притисоците кои ги врши. Само неколку дена Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, а ова е веќе втор сериозен атак врз „Курир“ од страна на СДСМ.Пред неколку дена член на СДСМ испрати закана по живот до целата редакција на Курир, посочувајќи дека „ќе не влече со кола 7 дена и 7 ноќи низ Партизанска, додека не искрвавиме до смрт“.

goraaaanzakanaa

Како тогаш, така и сега, новинската агенција Курир ќе испрати соопштение до странските претставништва во земјава да ги информира за притисоците и грозоморните закани и навреди кои ги трпиме од функционери и членови на опозициската партија, само поради тоа што не дозволуваме да бидеме под нејзина контрола, пишува „Курир“.