Спасовски освен што ставил парав не решенијата за разрешување, не образложил која е причината зошто началниците летаат од позицијата, ниту пак правно ги поучил. Во решенијата не се повикал ниту на Законот за внатрешни работи, ниту на Законот за полиција, туку навел дека решенијата биле изготвени согласно законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Овој чекор на министерот се коси со неговиот став кој го кажа кога стапи на функција, тогаш образложи дека за неговата партија смената на која било позиција во кое било министерство ќе значи мешање на политиката во системот. Носењето на вакви одлуки на ден пред Нова година, според луѓето кои цела кариера ја поминале во полицијата е одмазднички чин кој треба да биде прикриен пред празниците.
Тие го толкуваат како директен партиски упад и удар врз професионалните структури во полицијата. Делата на Спасовски очигледно се спротивни на она што тој самиот во јавноста го изјави. На 7-ми ноември во Гостивар Спасовски изјави дека нема да разрешува.
Нема да влезам во МВР или нашите министри во сите други министерства да разрешуваме и да креираме политики. Ние сакаме да бидеме контролор на оваа власт, истакна Спасовски.
Ваквиот акт на Спасовски покажува дека и тој како и неговиот политички ментор Зоран Заев едно лажат во јавноста, а друго прават во реалноста. Јавноста добро ги памети скандалозните изјави на Заев од декември 2010 година кога изјави дека биле свесни оти ако сакаат да бидат власт “ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата“.
Заев: Живи луѓе ќе јадеме!
Според снимките објавени тогаш, Заев зборувајќи пред партиското членство во Валандово, покрај најавата за смена и отпуштањата на администрацијата, се фали и со досегашните успеси на партијата.
Кога се дружите со нив велат вие сте меки, вие заборавате, ќе помине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме. Да им кажете беше Заев, апсениот Заев и дека живи луѓе ќе јадеме после тоа. Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди – изјави Заев од тогашна фунција потпретседателот на СДСМ.
Заев во обраќањето пред партиското членство истакнува и дека новите практики на партијата веќе се применувале во Струмица, Охрид, Куманово и во Карпош.
Ако почитувани социјалдемократи пред сé ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и дека рече ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат… свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија, изјави Заев.
Началниците кои ги разреши Спасовски својата професионална кариера долги години ја граделе во МВР, поминувајќи ги сите скалила за да стигнат до началничката позиција, коментираат од министерството. Дел од луѓето кои се сменети, помагале и при истрагата која под палката на Јавното обвинителство се водеше за откривање на „Фабриката за афери“ на СДСМ.
Оттаму и професионалците во МВР целата операција на Спасовски ја толкуваат и како одмазда во врска со спроведената акција кога беа откриени и пресретнати обидите да се фалсификуваат пасоши и банкарски трансакции за високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.