Сликата за квалитетот и непристрастноста за работењето на СЈО од ден за ден се влошува во очите на јавноста, а СЈО и понатаму молчи за тоа дали навистина новинарите Нора Шаќири, Огнен Јанески и Панта Џамбазовски се вработиле во ова обвинителство во секторот за односи со јавноста на СЈО, пишува порталот „Курир“.
Дали Шаќири, Јанески и Џамбазовски се вработиле во СЈО?
На ова прашање, веќе трет ден нема одговор од засегнатите страни. Молк добивме од СЈО, како и од Шаќири, Јанески и Џамбазовски, кои не одговараат на пораки и телефонски повици.
Дали повеќедневниот молк треба да се сфати како потврден одговор и дали ова значи дека СЈО и повеќе од очигледно се сплотува со СДСМ/Сорос?
Нора Шаќири е една од најгласните „дами шарени револуционерки“ кои беа на чело на насилните протести кои се одржуваа низ главниот град.
Исто така познато е нејзиното долгогодишно пријателство со поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.
Таа беше дел од неколку кампањи на СДСМ, а ги водеше и митинзите на Јани Макрадули. Тогаш држеше „толку добри говори“ што Макрадули на еден од нив се расплака.
Очигледно поново е пријателството со Огнен Јанески, кое ги врзува во една точка: се шпекулира дека ќе се колеги од работа во СЈО, но и како „шарени револуционери“.
За потсетување, дури и момент на семејна и пријателска прослава, Шаќири и Јанески ја обоија со политика и „шарена револуција“. Станува збор за скорешната свадба на Шаќири.
Јанески инаку, инспириран од работата на СЈО, особено Катица Јанева, на 1-ви април облечен како Јанева ја водеше емисијата „Очи в Очи“ а темата беше „Разговарајте со Катица Јанева“.
Неговиот Фејбук, беше едно од главните информативни места каде што можеше да се дознае како поминале, што планираат и по кого тој ден „удираат“ шарените револуцинери.
Молкот од СЈО = Нетранспарентност кон македонските граѓани
Македонските граѓани имаат право да знаат каде одат „дебелите суми“ платени од граѓански пари. Дали одат во џебовите на новинари и граѓански активисти кои „јасно и гласно“ се застанати во поддршка на СДСМ.
Ваквата нетранспарентност на СЈО не е новина. КУРИР во изминатиот период, постојано праќа официјални мејлови со прашања до СЈО, на кои ова обвинителство не одговори. СЈО е отворено за соработка само со опозициски новинари, а очигледно не само информации, туку на овие новинари им се отворени и работни места во СЈО.
Многу зачудувачки е што СЈО веќе 3 дена молчи по однос на ова прашање, кои го руши и така веќе нарушениот углед на оваа институција.
СЈО и нетранспарентните вработувања
СЈО до сега покажа дека е склоно кон нетранспарентни вработувања на принципи на непотизам и партиска определеност.
Во оваа институција беа вработени луѓе блиски до СДСМ и Обвинителството.
Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева, доби голем број нови вработени за кои во јавноста се појавија информации дека се деца и роднини на обвинителите што работат во ова обвинителство или се блиски пријатели на Јанева и на нејзиното семејство.
Тројца нововработени, Елена Јосифоска, Владимир Миладиновски и Љупчо Чучурски, пак, се во директна роднинска врска со обвинители од СЈО. Дури шестмина од вработените се од родниот град на Јанева, Гевгелија, за дел од нив проструија информации дека се всушност блиски или пријатели на самата специјална обвинителка или членови на нејзиното потесно семејство.
Во СЈО молчеа иако им должат одговори на граѓаните од чии џебови земаат пари.Тие не ја информираат јавноста за ваквата одлука иако станува збор за огромна сума на средства кои на сметка на СЈО се одлеваат од Буџетот.
На прашањата на Дневник, од СЈО испратија апсурден одговор
Од СЈО ја потврдија и роднинската поврзаност на дел од нововработените со обвинители од самото обвинителство, но тврдат дека нивниот избор бил законски, а се работело за најдобри кандидати или, пак, за единствени со комплетна документација од пријавените. Така од СЈО велат дека за позицијата што ја добила ќерката на Јосифоска биле барани шест извршители, а биле пристигнати 14 пријави. Од нив дури осум пријави биле со некомплетна документација, при што изборот морало да падне на овие шест, меѓу кои и Елена Јосифоска, пренесе тогаш весникот.