Во казнената установа Скопје во населбата Шуто Оризари веќе две седмици осудените лица и притворениците се без струја, која им ја вклучуваат само во доцните вечерни часови, тврдат тие во допис до порталот Курир.мк.
До нашата редакцијата пристигнале информации дека вистинска тopтура преживуваат затворениците кои се наоѓаат во затворот во Шутка. Имено веќе две седмици затворениците се без електрична енергија која според информациите на Курир се вклучува само во доцните вечерни часови. Ваквото нечовечко однесување кон затворениците е спротивно на сите меѓународни конвеции за човекови права.
Во текстот се потсетува дека директорот на затворот Ѓоко Котевски, даде оставка по инцидентот во кој беа физички нападнати и повредени поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски поради пропусти на безбедносните протоколи, но набрзо потоа беше објавено ќе биде разрешен по изборите.