На девизните пазари и натаму се исчекува заседанието на Европската централна банка (ECB) во четврток и намалувањето на каматните стапки за четвртина процентен поен, на 3,75 отсто. Во такви услови, курсот на еврото зајакна за 0,1 отсто во однос на доларот, на 1,0912 долари. Од почетокот на јуни единствената европска валута веќе зајакна во однос на американската за 0,65 отсто.
Курсот на доларот се движи околу најниското ниво од март во однос на еврото, бидејќи забавувањето на американската економија, со оглед на моменталното слабеење на индустриската активност, ги подгрева шпекулациите дека централната банка на САД – Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) може да почне да ги намалува каматните стапки дури и порано од септември. Пазарот денеска ги проценува шансите Fed да ги намали каматните стапки во септември на 59 отсто, во споредба со 55 отсто во петокот.
Курсот на доларот, пак, зајакна за 0,16 отсто во однос на јапонскиот јен, на 156,35 јени. Истовремено, индексот на доларот, кој го следи движењето на американската во однос на шесте најважни светски валути, претпладнево ослабе за 0,06 отсто на 104 поени.
На нафтените пазари претпладнево цената на барелот од марката Brent се намали за 0,73 отсто, на 77,79 долари, а на WTI за 0,88 отсто, на 73,57 долари.