Курти го отпушти министерот за внатрешни работи поради коронавирусот

Агим Велиу

Косовскиот премиер Албин Курти го отпушти министерот за внатрешни работи Агим Велиу, поради несоглаувањата околу тоа дали треба да се прогласи вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег кој може да ја турне владата во Приштина само два месеца откако беше формирана.

Во вторникот вечерта, косовскиот премиер Хашим Тачи му предлжи на парламентот да прогласи вонредна состојба во врска со епидемијата од Covid-19

Премиерот Албин Курти одговори дека таква драстична мерка не е потребна. Министерот за внатрешни работи Агим Велиу, кој доаѓа од редовите на партијата ЛДК, пак, јавно му се спритистави на Курти и рече дека неговатра партија ќе го поддржи предлогот на претседателот.

„Во овие околности должен сум да дејствувам и решив да го отпуштам министерот за внатрешни работи Велиу“, рече Курти во изјавата за медиумите во средата.

Велиу на новинарско прашање одговори дека не го поддржувал Тачи, туку дека ги повикал институциие да преземат драстични мерки за да се спречи ширењето на вирусот. Додаде дека се во прв ред се водел од ситуацијата, а дека со својата синоќешна изјава не ширел паника.

На прашање дали ЛДК по неговото разрешување ќе ја преиспитува одлуката за останување во владата предводена од Самоопределување на Курти, Велиу рекол дека лидерот на партијата Иса Мустафа ќе решава за тоа.

Косово од петокот досега регистрираше 19 случаи на зараза со короанвирусот. Повеќето од нив се поврзани со Италија. Приштина веќе ги затвори своите граници и ги сопре летовите. Затворени се сите учичишта и угостителски објекти, а работат само продавниците за основни продукти и аптеките.