Лидерот на опозициското Движење „Самоопределување“ Албин Курти напиша на Фејсбук дека оставката на Рамуш Харадинај дошла со непотребно одложување и од погрешни причини.
Тој констатира дека дошло време кога Харадинај морал да поднесе оставка од премиерската функција.
– Харадинај требаше да поднесе оставка многу порано, на пример кога го смени својот став за разграничување со Црна Гора, кога си ја зголеми својата плата, кога именуваше управни одбори и вработуваше членови на своето семејство и на партиските колеги, кога на 13 декември 2018 година даде предлог за планот „Ахтисари плус“ за договор со Србија, кога го уништи буџетот, кога му се закануваше на Бљакај, кога се утврди дека делегацијата за разговори со Србија е неуставна, напиша Курти.