Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања

Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија, косовскиот премиер Албин Курти.

-Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања. Имаме отворена комуникација и широка соработка. Ние сме соседи, но и партнери поврзани, не само преку трговијата, туку и преку фамилјарните врски и бизнисите кои секојдневно се зголемуваат. Денешната средба е симболична, односно 15 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји. За време на овие 15 години имаме потпишано повеќе од 50 договори и меморандуми кои не доближиле уште повеќе, но она што треба да го напоменеме е целосната нивна имплементација. Денеска овој прогрес ќе го унапредиме уште, потпишувајќи два нови меморандуми и еден протокол во важната сфера, како што се енергетиката, образованието и олеснето движење. Нашите добри односи се пресликуваат и постојаното зголемување на трговската размена, изјави Курти.

шефот на косовската влада го истакна симболичното значење на средбата што се одржува денеска, бидејќи таа се совпаѓа со 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Во текот на овие години беа потпишани 50 договори и меморандуми кои меѓусебно ни понудија повеќе и важно е нивното целосно и прецизно спроведување“, рече косовскиот премиер.

Исто така, Курти нагласи дека му е задоволство и чест да му посака добредојде на неговиот македонски колега Христијан Мицкоски и неговата делегација на втората средба во Приштина.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на почетокот на седницата го изрази своето задоволство од срдечниот пречек што му го приреди неговиот колега Албин Курти денеска во Приштина во рамките на заедничката средба меѓу двете земји.

Тој се надева дека „енергијата и убавото време денес“ ќе бидат нов импулс за уште подобри односи меѓу Македонија и Косово, пренесува Klankosova.tv.

Мицкоски рече дека економската соработка ќе изнесува над половина милијарда евра.

„На билатералната средба дефиниравме цел оваа година, трговската размена да биде над половина милијарда евра меѓу нашите две земји, во следните години економската соработка ќе биде уште поголема, убеден сум дека ќе успееме. Меѓувладината седница е доказ дека двете влади покажуваат дека соработуваат и дека имаме пријателски и блиски односи кои ќе ги унапредиме. Имаме договор во делот на енергетиката, како и регулирањето на граничните премини, граѓаните кои влегуваат и излегуваат од нашите земји да застануваат на еден премин, а не на два и на овој начин нема да има хаос на границата. Да имаме граничен пункт и да го забрзаме протокот на патниците“, рече македонскиот премиер, пренесуваат косовските медиуми.