Косовскиот премиер Аљбин Курти ноќта кон неделата изјави дека Приштина не сака конфликт, но дека на „агресијата“ ќе одговори со сета сила со којашто расплага.
Вака Курти реагираше на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека Србија ќе побара од КФОР да ја почитува Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН од 1999 година со којашто на Белград му се овозможува да распореди свои воени и полициски сили во поранешната српска јужна покраина Косови и Метохија, додавајќи дека секое „неосудување на оркестрираното насилство“ од страна на ЕУ и САД ќе „го охрабри официјален Белград дополнително да поттикнува дестабилизација“.
Според Курти, Србија веќе неколку дена „му се заканува на Косово со агресија“ и повикува на враќање на српската војска на Косово (и Метохија), повикувајќи се на резолуцијата на Обединетите нации,
„Тие сакаат двојно враќање во минатото. Прво, враќање на времето на )поранешниот српски челник Слободан) Милошевиќ и војната. Второ, прашањето за Косово да се врати во ОН и што е можно подалеку од ЕУ. Косово е европска, демократска и проамериканска држава. Србија со лидерството што го има е автократска, проазиска и милитантна. Ние не сакаме конфликт, сакаме мир и напредок, но ќе одговориме на агресијата со сета моќ што ја имаме. Сега кога ниту регистарските таблички на возилата ниту датумите за избори не можат да се користат како изговор, откриени се илегалните структури на Србија претворени во криминални банди“, напиша Курти на Facebook.
Даде дека министерот за внатрешни работи на Косово, Жељаљ Свечља е во контакт со командантот на КФОР и додаде дека барикадите на „маскираните криминалци на север“ треба веднаш да се отстранат.