Курти пoвика на протести против „криминалецот“ Тачи кој го „продава“ Косово

Лидерот на косовското опозициско дижење Самоопределување, Албин Курти, го повика во неделоата партиското членство да се мобилизира за „граѓански и мирни протести за да се застане на патот на криминалот кој се врши врз Косово и косовскиот народ“.

Курти на седницата на Генералното собрание на движењето Самоопределување, коментирајќи ги идеите на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, односно размена на териториите со Србија, рече дека „земјата минува низ многу тежок период“, поради што е потребна целосна мобилизација.

„Едно криминализирано државно раководство предводено од Тачи се пазари со територијата на Косово за да се стекне со лична недопирливост. Ние ова не смееме и нема да го дозволиме, бидејќи имаме историска и морална обврска. Политичката ситуација бара од нас да ја зајакнеме организацијата и во наредните денови и недели ќе застанеме на чело на граѓанските мирни протести за да го запреме криминалот што се врши врз Косово и нашиот народ“, рече Курти.