![kurti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/kurti.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави МИА од Приштина.
Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“.
– Од патот Призрен-Тетово, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, порача Курти.