3.8 C
Skopje
сабота, јануари 11, 2025

Курто Дудуш ме заклучи и ме тепаше

Ме заклучи во неговата канцеларија и заедно со уште еден советник ме тепаше во боксови и шлаканици, тврди Сенат Јашар во интервју за Алфа ТВ, кој беше жртвата на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш.

Пораншениот возач на градоначалникот Сенат Јашар чиј глас  се слуша во  аудиото од инцидентот што се случи во април годинава открива детали за настанот кој му го сменил животот а откри насилство од висок функционер на владеачката партија.

„Наводно јас сум го пцуел него и фамилијата. Тоа не е вистина“, кажа во интервју за ТВ Алфа жртвата на градоначалникот на Шуто Оризари, кој беше нападнат од Курто Дудуш во април годинава, а аудио снимка од нападот беше објавена во медиумите.

„Влегов, ја затвори вратата, клучот го извлече од вратата, ми го направија тоа што ми го направија. Ми рече дека го пцујам и почна да ме удира. Прво стана градоначалникот, па неговиот советник. Ме удираше со тупаници и шлаканици, во пределот на главата и телото“, рече Јашар.

Освен за насилството Јашар открива и дека требало да отвори фирма преку која Дудуш требало да добие тендер од една скопска болница.

извор: alfa.mk