Голманот на Атлетико (М), Тибо Куртоа, додатно ја загреа атмосферата пред финалниот натпревар во Лигата на шампиони со изјавата дека Кристијано Роналдо е многу добар фудбалер, но и дека не се плаши од португалскиот интернационалец.
“Не подготвувам некоја специјална тактика кога е во прашање Кристијано Роналдо. Не се плашам од Роналдо. Нормално дека станува збор за фантастичен фудбалер, но и јас сум фантастичен голман. Можеме многу да научиме од реванш дуелот помеѓу екипите на Борусија од Дортмунд и Реал (М). Борусија покажа како се победува Реал (М) и тоа на еден убедлив начин. Баерн (М) имаше луда, смешна тактика, го копираа стилот на Барселона. Реал (М) одлично ја познава таа филозофија. Само неколку секунди им се потребни на фудбалерите на Реал (М) за да дојдат на противничката половина. Го имаат совршеното оружје кога е во прашање играта со постојани додавања на противничката половина”, изјави репрезентативецот на Белгија.