Репрезентативниот голман на Белгија, Тибо Куртоа, откри дека е максимално подготвен за новиот дуел против најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.
Двајцата одлично се познаваат од меѓусебните дуели во шпанската Примера дивизион, а годинава голманот на Атлетико (М) имаше поголем успех во дуелите против најголемата ѕвезда во дресот на Барселона.
„Одлично го познавам Лионел Меси. Го знам од дуелите помеѓу Барселона и Атлетико (М). Мене ќе ми биде убаво, сега играме за нашите репрезентации. Се надевам дека Белгија ќе избори пласман во полуфиналната рунда, но да почекаме уште малку. Единствената добра работа е таа дека не морам да гледам некои снимки со играта на Меси. Одлично го познавам репрезентативецот на Аргентина. Меси е непредвидлив фудбалер, не е возможно да ја анализираш неговата игра, да го предвидиш следниот негов потег. Веднаш што најде простор, тој упатува удар. Јас морам да бидам сконцентриран во сите 90 минути. Ако помислам на нешто друго, тој сигурно ќе постигне погодок”, изјави Куртоа.