Нападот во ноќниот клуб во Истанбул за Нова Година беше извршен професионално со учество на разузнавачка служба, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.
– Се чини, дека нападот во клубот „Реина“ не е дело само на терористичка организација, туку, исто така, во него е замешана и разузнавачка служба. Нападот е извонредно испланиран и организиран акт, изјави Куртулмуш во интервју за телевизијата „А Хабер“.
Одговорност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица, а 70 беа ранети, презеде групата Исламска држава (ИД).
Џихадистичката група соопшти дека нападот е одмазда за турската воена интервенција во Сирија.