Курзава побрз од судискиот свиреж

Пет погодоци, три во гостинската мрежа и два и во домашната мрежа беа постигнати на премиернот натпревар од 26. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу екипите на Монако и Римс.

Планираните три бод, моментално второпласираниот тим на табелата ги освои со погодокот постигнат во 90 минута, а истиот беше дело на брзоногиот напаѓач Лавин Курзава.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привелче дуелот на “Велодром”, каде домашниот тим на Олимпик од Маресј има обврска да забележи позитивен резултат во пресметката против секогаш незгодниот тим на Лориен.

Денеска на програмата: Бастија – Сент Еетјен, Марсеј – Лориен, Бордо – Евијан, Генгамп – Ница, Монпеље – Ајачио, Валенсиен – Сошо.