![P1020295](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/P1020295.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Ханс Кушлер, универзитетски професор од Австрија и претседател на Меѓународната организација за напредок истaкнал дека му се допаѓа проектот Скопје 2014, бидејќи како што вели, го одржува наследството.
Овој проект е од посебна важност за цела Европа. Кога неодамна го посетив Скопје бев импресиониран од величествената историска архитектура во центарот на градот и од многуте споменици кои го визуелизираат наследството, вели Кушлер.
Според него овој тип архитектура го прави Скопје уникатно место во Европа.
-Навистина проектот придонесува за културната разновидност. Исто така го прави градот место за кое посебен интерес имаат сите кои го ценат класичното образование и го разбираат античкото наследство, оценува Кушлер.