Можете да ги видите предметите коишто ви се близу, но оние поодалечените се нејасни, можеби притоа патите од главоболка и ви се мати пред очите.
Доколку ова ви звучи познато имате миопија или кусогледост. Овие прашања и одговори ви помагаат да го објасните ова често нарушување на видот.
Што е миопија?
Поимот е изведен од старогрчкиот збор „myops“, што означува зажмурува со очите. Претераното жмурење и гледањето на страна се едни од знацте за миопија состојба во којашто предметите во близината може јасно да ги видите, но не и оние кои се подалеку.
Едедн од најпознатите германски офтамолози, Тим Беме, вели дека миопијата не е болест туку девијација од нормалното. Зачестеноста на миопијата е сé поголема, па Светската здравствена организација (СТО – WHO) проценува дека од неа до 2050 година може да пати половинаа од светската популацја.
Колку миопијата е потешка, толку потешки може да бидат и последиците доколку не се лекува. Една од нив е ткн одлуштување на очната мрежница. Оттаму, важно е да се постави дијагнозата што порано. Офтамолозите тоа ќе го утврдат со внимателн преглед на окото и рефракцијата (прекршувањето) на светлината која помага при фокусирањето на предметите и доколку е потребно ќе ја одредат потребната диоптрија за да се исправат рефрекциските грешки на окото.
Што ја предизвикува?
„Таа вообичаено се јавува кога е очното јаболчница е предолга“, вели за агенцијата dpa Франк Шафел, професор на Офтамолошкиот институт пи универзитетот во Туебинген. Појаснува дека поради предолгата очна јаболчница фокусот „паѓа“ пред мрежницата, а на неа што го оневозможува создавањето на изострена слика на оддалечениот предмет.
„Очната јаболчница кај возрасно лице која е предолга само милиметар резилтура со миопија со диоптрија од -2,7“, вели Шафел, зборувајќи за мерната единица којашто ја опишува рефракциската грешка.
Кој е посклон на миопија?
Ситуацијата вообчаено се јавува меѓу 6-та и 25-та година, велат стручњаците, но не е целосно јасно зошто.
Генетската предиспозиција има само помала улога, вели австралискиот офтамолог Јан Морган. Научниците укажуваат на надворешните фактори, како што е работа којашто вклучува претерано напрегање на очите и гледање во предмети на многу мала оддалеченост.
Сегашните деца многу време минуваат во затворено и се изложуваат на таквите услови, и при читањето и пишувањето во училиште или користат компјутер или смартфон дома. Тоа, заедно со прекусото изложување на сончевите зраци, изгледа го зголемува ризикот за кусогледоста. Нучниците досега не успеаја да го пронајдат објаснувањето зошто тоа е така.
Дали миопијата може да се излекува?
Миопијата е прогресивна, но таа кај децата од училишна возраст може да се намали. Децата би морало што е повеќе можно да играат на отворено и да ги одмораат очите од напрегањето на очите со гледање во предмети на мала оддалеченост. Што поскоро, тоа подобро, вели Морган.
Според Шафел, посебите очила и капките за очи содржат атропин, состојка којашто се добива од растенијата од редот на фамилијата зрнци, како луда трева, буника, татула, исто така помагаат во зауздувње на прогресијата на миопијата.
А кај возрасните?
Кај возрасните, некаде по триесеттата година, може да се решаваат само симптомите на миопијата, но не и самото нарушување, вели Беме.
Лицето мора да носи соодветни очила или контактни леќи. Ласерска операција на окото, исто така, е опција.
Возрасните не треба да се грижат дека носењето општички помагала ќе им го влоши видот. Тоа е мит кој одамна е разобличен. Важно е, меѓутоа, тоа помагало да биде соодветно, односно со лекарски рецепт.