Кутињо замина од Барселона, потпиша за Астон Вила

Шпанска Барселона овој месец се обидува да се ослободи од неколку играчи со високи плати и конечно успеа да му најде нов клуб на Филипе Кутињо.

Утрово пристигна официјална потврда за негово враќање во Премиерлигата, Астон Вила и Барселона договорија позајмица до крајот на сезоната, клубот од Бирмингем исто така ќе добие и опција во целост да го купи Филипе Кутињо.

„Каталонците“ иако се ослободија од Филипе Кутињо, не се ослободија целосно од неговата плата, според медиумите, Астон Вила ќе покрива две третини од платата, а Барселона ќе покрива една третина.