Кувајт обеси пет лица, меѓу кои и едно за напад врз џамија

Пет лица се обесени во четвртокот во Кувајт, меѓу кои и маж осуден на смртна казна поради учество во напад во џамија во 2015 година во кој загинаа 26 луѓе, објави обвинителството на арапската земја во Персискиот залив.

Обвинителството појаснува дека е извршена смртната казна над пет лица во центалниот затвор во Кувајт, од кои повеќето биле осуден поради убиства. Односно, три лица се погубени поради убиства, а едно поради трговија со дроги.

Кувајт токму на 26-ти јуни 2015 година го доживеа најголемиот терористички напад во својата историја, кога саудиски бомбаш-самоубиец активираше појас со експзлозив во шиитска џамија во главниот град во текот на петочната пладневна молитва.

Тоа е првиот напад за кој одговорноста го презема ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава во Кувајт, во кој жителите се претежно сунитски муслимани. Тогаш загинаа 26 луѓе, а уште 227 беа ранети.

Мажот погубен во четвртокот во врска со овој напад Абдел Рахман Сабах Сауд, е лице без државјанство коешто го донело појасот со експлозиви од саудиската страна на границата и го однел бомбашот-самоубиец до местото на нападот.

Кувајтскиот Врховен суд во мај 2016 година го осуди на смртна казна. Во првостпената постапка тој ги призна повеќето од фактите, но во жалбената постапка сѐ негираше. Сабах Сауд изјави дека бомбашот-самоубиец го уверил дека има намера да ја уништи џамијата, но не и да предизвика цивилни жртви.

Егзекуциите во четврток најверојатно ќе го пренасочат вниманието на досиејата за човековите права во Кувајт и другите арапски земји од Персискиот залив, каде што смртната казна се применува и за казнување на политичките и верските дисиденти.