Кузеска: Донесен е пакет антикризни мерки од над 350 милиони евра за помош на граѓаните во време на економската криза

Повеќе од 200 000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци најави во неделата портпаролката на владејачката СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Од СДСМ велат дека на дело покажуваат што значи вистинска грижа за граѓаните и истакнуваат дека јавноста треба да биде спокојна бидејќи во претстојната зима ќе има доволно храна и енергија за сите.

„Повеќе од 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци”, тврди Кузеска.

Додаде дека се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

!Наскоро ќе биде објавен и пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни продукти, како леб, масло за јадење и слично. Во време на најголема светка економска криза, никој нема да биде оставен сам”, најави Кузеска.

За неполна година, Кузеска вели дека Владата предеводена од СДСМ обезбеди мерки за помош во вредност од над 750 милиони евра, што е најголем обем на помош како процент од БДП споредено со останатите земји од западен Балкан.