Кузеска: Економските мерки даваат резултати, спасени се илјадници работни места

Досегашната реализација на пакетите економски мерки со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, ги дадоа очекуваните резултати. Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата, рече на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес конференција.

– Позитивни сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се  позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата.  Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто а 5 отсто е растот на даноците и придонесите.  Вториот пакет економски мерки е имплементиран стопроцентно, а севкупна реализација од на четирите пакет мерки изнесува 82 отсто или 860 милиони евра.  Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат – вели Кузеска.

Таа додаде дека во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.