![kuzmanovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/kuzmanovska.jpg?resize=640%2C328&ssl=1)
Во изминатите деновиас бев на терен меѓу граѓаните и се чуствува стравот. Граѓаните, поради зголемувањето на даноците, стравуваат од отпуштање од работа на вработените. Стравуваат и од зголемување на цените на производите.
Ова го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, на денешната панел-дискусија на тема „Подобри и различни: ВМРО-ДПМНЕ намалуваше, СДС зголемува даноци”.
Според Кузмановска, зголемувањето на даноците е грешна политика на СДСМ.
„Во време кога постоеше европска и светска криза, ВМРО-ДПМНЕ со домаќинско работење и пакет мерки, успеа да го премости тој тежок период и во исто време да не ги зголеми даноците, рече Кузмановска.
Пратеничката смета дека не може професиите каде лицата кои највеќе вложиле во своето образование, да се оданочат најмногу. „Никој не добива, а сите губат. Која е логиката?, запраша таа и додаде: „СДСМ вети раст на БДП и 30.000 денари просечна плата, но тоа е невозможно. Тоа е лага која ја пласираат пред граѓаните“.
Кузмановска уште еднаш потенцираше дека граѓаните стравуваат оти нема да има нови работни места, туку ќе има отпуштања од работа.